- Славјанка - доколку НАТО побара македонската армија може да се вклучи во можниот конфликт меѓу Русија и Украина - Петровска сега констатира дека не можеме да навлеземе на територија на држава која не припаѓа на НАТО, во случајов Украина.
- „Ги следиме насоките на НАТО“, скромно вели денес македонската министерка со скратени борбени крилја.
- Госпоѓа Петровска придонесе кон значајно намалување на гео-политичките тензии со изјавата дека „она што е значајно како став наш, на државата, е дека сакаме преку дипломатски начини и со мирно преговарање или разговарање да се реши овој конфликт меѓу Украина и Русија“.
- Израелската армија потврди дека е автентична фотографијата што се шири на социјалните мрежи, на која се гледа како израелски војник со голем чекан ја удира главата на Исус на статуа што паднала по израелски напад врз христијанското село Дебл во јужен Либан.
- Северната команда објави дека се спроведува истрага за инцидентот, дека „ќе бидат преземени соодветни мерки против одговорните за инцидентот во командниот синџир“ и дека „се соработува со локалната заедница за да се врати статуата на своето место“.
- Пред да постигне договор за прекин на огнот во Либан, Израел протера близу 1 милиони Либанци од територијата јужно од реката Литани, уништи многу села и сè уште ја окупира територијата.
- „Господе, прости им, зашто не знаат што прават“.