- Десничарскиот евроскептик Георге Симион освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Романија. Во вториот круг на 18 мај ќе има дуел со градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан.
- Симион освои 40,6% од гласовите, а Дан 21%.
- „Ова не е само изборна победа, ова е победа за романското достоинство. Победа за оние што не изгубиле надеж, за оние што се уште веруваат во Романија како слободна, почитувана и суверена земја“, изјави Симион по објавувањето на резултатите.
- Георге Симион (38) се залага за укинување на воената помош за соседна Украина, го критикува раководството во Брисел и се поврзува со движењето МАГА на Доналд Трамп.
- Ова беа повторени претседателски избори. Редовните беа поништени во декември по победата на Калин Георгеску во првиот круг, наводно поради нелегална поддршка од Русија што ја добил во кампањата.
- Симион вети дека ако биде избран за претседател, ќе го назначи Георгеску на висока функција.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери кои ќе учествуваат на прославите по повод Денот на победата во Москва на 9 мај.
- „Ние не можеме да бидеме одговорни за она што се случува на територијата на Руската Федерација. Тие се одговорни за вашата безбедност, па затоа нема да даваме никакви гаранции,“ рече Зеленски иако Украина одамна напаѓа и влегува прилично длабоко во „територијата за која не одговара“.
- На заканите на Зеленски одговори Медведев кој рече дека ако Москва биде нападната за 9-ти мај, „не е сигурен дека Киев ќе го доживее 10-ти мај“.
- Зеленски го одби тридневното примирје понудено од Путин и рече дека е заинтересиран само за 30 дневно.