- Од идната недела ќе почне да се враќаат во земјава првите пациенти што се лекуваат во странство, кои се во добра здравствена состојба, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
- Вкупно 116 пациенти од трагедијата во Кочани се хоспитализирани во 14 европски држави. За 38 лица медицинската грижа е обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, кој беше активиран веднаш по трагедијата.
- Трошоците за лекување на пациентите се покриени од страна на државите-домаќини, а Владата ги покрива сите трошоци за пат, сместување и логистика за семејствата на повредените, додаде Муцунски.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.