Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Милановиќ: Македонија да не биде жртва на притисоци и да трпи изнуди за ЕУ

7 мај 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонија да не биде жртва на притисоци и да трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој беше во посета на земјата.

  • Тој рече дека има премногу насоки од соседите и меѓународните актери за тоа како Македонија да се движи на европскиот пат, но најголемиот дел треба да се земаат со резерва.

  • „Правилата се јасни. Треба консензус, односно треба едногласност. Како и да свртите ќе дојде на исто. Се додека е некој против, Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено прашање е дали е тоа навистина за вас, односно за вашите граѓани најважната работа на овој свет и единствено вредно за живот и напор или постојат други работи за државата кои ја дефинираат како успешна и реализирана заедница“, изјави Милановиќ.

  • Хрвaтскиот претседател рече и дека Македонија не треба да се третира како земја со посебни потреби, туку како земја која има проблем.

извор

Д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ

19 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Професорката д-р Светлана Мојсов, една од најеминентните хемичарки во светот, е избрана за почесен професор (Professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката ја донесе Сенатот на УКИМ, по номинацијата од Природно-математичкиот факултет во Скопје, чиј интегриран дел е Институтот за хемија.
  • Д-р Мојсов, заедно со д-р Џоел Хабенер и д-р Лоте Бјере Кнудсен, во изминатите две години добија многу светски научни награди за нивниот револуционерен придонес во развојот на пептидот 1 (GLP-1) сличен на глукагон со што го трансформираа третманот на дијабетес тип 2, помагајќи им на милиони луѓе ширум светот.
  • „Не ми беше важен ниту профитот, ниту признанието – туку вистината. Науката е должност кон човештвото, а најголемата награда за мене се пациентите кои денес живеат подобро благодарение на тоа што го започнавме пред четири децении.“, рече таа на Глобалниот женски појадок 2025, организиран на Институтот за хемија.

Види и: Науката ја исправи неправдата кон Светлана Мојсов

извор

Ванковска: Мултиполарност, македонска перспектива

19 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Да, ние сме „суверени“, но само на хартија. Во пракса, Македонија и понатаму се третира — како и кон крајот на 19 век — како пион на шаховската табла на големите сили. Нашето сонце официјално изгрева на Запад, а политичката елита со задоволство жртвуваше јазик, историја, дури и името на државата, за да влезе во клубот на НАТО.
  • Денешниот империјализам често не доаѓа со чизми и бајонети. Тој доаѓа со конференции, партнерства и „техничка помош“. Тоа е неоколонијализам во кроена облека — а нашите елити, од политичари до академици, служат како негови локални преведувачи.
  • На Украина ѝ беше кажано: спротивставете се по секоја цена — затоа што правдата е на ваша страна. На Македонија ѝ беше кажано: откажете се од името и од минатото — и ќе бидете наградени. Но совеста боли исто.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Косовскиот кошмар се враќа како зафрканција

Балканштина
2

Деца ќе изгорат, ама багра ќе остане

3

Тумор маркери три години пред симптомите

Здравје
4

Личната жртва на Нетанјаху во нападот на Иран

Свет
5

За намалување сообраќајки: Штоп-светла и напред

6

После дојде Артан Груби и го реши проблемот

Македонски рулет
7

Иран, нигде подобри луѓе, поубава земја и поголема неправда

Разно
8

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков

1

Деца ќе изгорат, ама багра ќе остане

2

Тумор маркери три години пред симптомите

Здравје
3

Личната жртва на Нетанјаху во нападот на Иран

Свет
4

За намалување сообраќајки: Штоп-светла и напред

5

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков

6

Д-р Светлана Мојсов избрана за почесен професор на УКИМ

7

Преку југ е побрзо

Занимливости
8

Западот ја заборави уметноста на стратегијата. Кина и Русија се новите велемајстори

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Не им е лесно на балканските франкофони

Македонштина

Шестемина величествени од МВР

Балканштина

Кога жена ти е кочничар на добрите идеи

Балканштина

Што си во подзнак?

Балканштина

Потажен оглас одамна немаме видено

Македонштина

Од центарот на Бангладеш

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога татко ти е дилајла

Зошто не се бомбардираше Аушвиц?

Народот е глуп, а сега се буни затоа што е глуп

Две верзии

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy