- Фабриката ќе се гради во Лучко во Загреб, на површина од 28.500 квадратни метри.
- Сите Верн автономни возила ќе се произведуваат во Хрватска па оттаму ќе се извезуваат ширум светот.
- Фабриката ќе се доврши и опреми во текот на оваа и идната година а со работа треба да почне на почетокот на 2026-та.
- Дотогаш ние ќе го завршиме ли Кичево - Охрид?
- Европската Унија првпат планира да одреди целни датуми за завршување на клучните фази од преговорите за пристапување со Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, изјавија за Политико функционери од Брисел.
- Овој пристап содржи „патокази“, кои појасно ќе дефинираат што точно се очекува од секој кандидат. Во исто време ќе се дефинираат и обврски за сегашните членки на ЕУ, кои треба да дадат согласност за да продолжи процесот.
- На другите земји-кандидати кои се во „порана фаза од процесот“, како Косово, Македонија и Босна и Херцеговина, нема да им бидат понудени овие патокази. Истото важи и за Грузија, Србија и Турција.
- Ревизијата на политиките, предводена од Александар Адам, близок советник на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, треба да биде претставена на 6 октомври, а шефовите на држави од ЕУ ќе расправаат за темпото за прием на нови членки на самитот во Брисел на 15 и 16 октомври.
- Фон дер Лајен оваа недела оди на турнеја низ Западен Балкан на разговори со лидерите на Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово. Ќе ги заобиколи Босна и Херцеговина и Србија, кои се пред избори.