- Кампањата на Илон Маск за кастрење на непотребните трошоци и на бирократијата на американските федерални власти може да достигне сума од 135 милијарди долари во тековната фискална година, проценува непрофитната организација Партнерсто за јавна служба.
- Сумата е груба пресметка на отпуштањата, враќањето на работа, отпремнините за илјадници службеници, како и изгубената продуктивност. Не се пресметани потенцијалните отштети од 30 тужби за Канцеларијата за владина ефикасност (ДОГЕ).
- Кога ја презеде функцијата Маск изјави дека ДОГЕ може да заштеди 2.000 милијарди долари од даночните обврзници наменети за непотребни проекти. Подоцна тој ја намали целта на 1.000 милијарди, а неодамна изјави дека канцеларијата ќе заштеди 150 милијарди долари.
- Тоа е нешто повеќе од 2% од вкупниот буџет на САД од речиси 7.000 милијарди долари. Ако се потврдат проекциите дека самиот процес на кратење ќе чини 135 милијарди, заштедата би била 0,2% од буџетот.
- Маск веќе најави дека од мај ќе ги намали активностите во Канцеларијата за да им се посвети повеќе на своите компании, но истакна дека ќе му биде на располагање на претседателот Доналд Трамп.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.