- Двајца мажи на 50 години се уапсени и признале дека стојат зад убиството на двегодишната Данка по која цела Србија и пошироко трагаше откако исчезна додека била со мајка ѝ.
- Биле пијани, ја удриле со службена кола па еден од нив повредена ја задавил по што ја земале и избегале.
- По телото сè уште се трага бидејќи монструмиве не памтат точно каде ја закопале.
- Се откриваат грозоморни детали: Го лажеле таткото дека не ја виделе Данка, додека двегодишното девојче било во багажникот на нивниот автомобил.
- Откако не минале на полиграф и го признале делото, во текот на испрашувањата, гадовите ја префрлале главната вина еден на друг.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.