- Зад глобалниот ИТ крах кој затвори аеродроми, банки, медиуми и сервиси ширум светот не стоел хакерски напад туку погрешен апдејт на софтверот на компанијата CrowdStrike.
- Сите засегнати го користеле софтверот за сајбер безбедност на сеприсутниот CrowdStrike чиј апдејт ги шлогираше компјутерските системи со “blue screen of death”, сигнал дека нешто не е в ред со оперативниот систем на Микрософт Виндоус.
- Грешката брзо и релативно лесно била поправена но глобалниот дефект покажа колку е ранлива целата ИТ архитектура кога огромен број големи и важни субјекти користат услуги од мал број провајдери на критични услуги.
- Најпоштедена од сите тие ујдурми беше Кина, што покажува дека не беа залудни нивните напори за технолошка независност.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.