Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мајката на Вања бара правда: Немојте да дозволите ова да му се случи на друго дете

12 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • За време на завршните зборови на обвинителството во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска, судот не дозволи писмото на нејзината мајка Зорица Ѓорчевска, да биде прочитано до крај.
  • „Почитуван Суде,

    Се обраќам до Вас не само како мајка на Вања, туку како човек кој живее со најтешка и необјаснива болка.

    Скоро една година, целата јавност внимателно го следи овој макотрпен судски процес. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во текот на процесот, беа презентирани низа материјални докази и сведоштва. Секојдневно и насекаде слушаме различни теории на заговор, одбрани базирани на наводни политички прогони, местенки, безбројни приговори … Но, за жал, еден факт останува непобитен – Вања ја нема.

    Ја киднапирале и ја однеле. Ја убиле безмилосно, на најбрутален начин. Детето мое.

    Кога ќе слушневме за некој немил настан низ светот, на двете мои ќерки им велев дека вакви работи во Македонија кај нас не се случуваат. Далечни ми беа.

    Но се случи. И тоа токму мене, на моето најмило. И не смее да се повтори. Ниеден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав – да го испрати детето во училиште и по една недела да го најде во мртовечки сандак.

    Вања не е само број на жртва. Вања беше живот – со очи, со глас, со планови.

    Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 14 години и како секоја деветоодделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура. Правеше планови за зимување и летување со другарчињата од одделението и подготвувајќи се за новите предизвици со кои требаше да се соочи во средно училиште – жалеше за разделбата од соучениците од основното училиште.

    Вања сакаше да гледа стари филмови од 70-тите и 80-тите. Ги знаеше знамињата и главните градови – буквално на сите држави во светот. Кога ќе ја заинтересираше некоја тема, ја проучуваше детално, наоѓајќи одговор за секое прашање. Ја сакаше историјата, а најмногу сакаше да го проучува холокаусот – не можеше да разбере како е можно да се случи такво зло на толку луѓе.

    Секое утро со музика се подготвуваше за на училиште. И тоа утро – последното утро, стана, си ја пушти омилената песна и потпевнувајќи, се подготви на училиште. Ја испратив до врата и ѝ реков „се слушаме, мама, подоцна“. Тоа беше последен пат да ја видам.

    Вања не ја дочека полуматурата. Не ги дочека ниту патувањата со соучениците, не дочека ниту да ги искуси предизвиците на средното училиште, на новите другарства, на првата љубов, на создавањето на свое семејство и остварување на личните амбиции …

    Цела генерација на деца, соученици на Вања, доживеа силна траума од нејзината насилна смрт.

    Долгоочекуваната полуматурата ја дочекаа во солзи, без волја да се забавуваат без својата другарка. Вања остави зад себе шокирани и скршени родители, роднини, братучеди, а пред сè – сестра која не знае како да го продолжи својот живот без неа. Двете растеа со верба дека што и да се случи, ќе се имаат една со друга.

    Детето кое го одгледував со љубов, со грижа, со соништа. И тие соништа – сите до еден – се одземени. Со ладнокрвност. Со злоба. Со нечовечност.

    Мината е година и пол. Но, јас ја живеам таа кобна недела секој ден. Како може некој да покаже сила врз живот што допрва започнувал?

    Овој судски процес не ми дава мир. Тоа е мојот секојдневен пекол. Ја буди траумата, тагата и ја врти лентата на болката одново и одново, како секој ден да ја погребувам Вања. Но, јас морам да бидам дел од процесот, не од избор, туку од нужност. Морам да сум дел од процесот заради Вања, но и заради сите мајки.

    Дали злото ќе добие казна што ја заслужува или ќе испратиме порака дека животот на дете не тежи ништо?

    Почитуван Суде, вечерта кога ме однесоа за последен пат да си го видам своето мртво дете, низ плач му реков на инспекторот: „Немојте да дозволите ова да се случи на друго дете“.

    Сега, го упатувам истиот апел и до вас – во оваа судница не се суди само за убиството на Вања – тука се суди за правото на секое дете во оваа држава да живее. Да расте. Да сонува.

    Да не дозволите ова да се случи повторно! Вакво злосторство не смее да се толерира. Не смее веќе родители да плачат и да молат за правда.

    А јас сега молам за правда. Правда за Вања. Ви благодарам“.

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
5

Каков „малер на колото“ му пративме на НАТО

Македонски рулет
6

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
7

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
8

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
4

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

АНБ со мирис на УДБА

7

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

8

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За тотално пијанство: Бранково мезе и....

Ко Брисел да не знае дека си има работа со џукели

Погрешно разбраните весели песни

Родителски лаги

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy