- Кратко откако СПЦ понуди „најширока можна автономија“, во Соборниот храм во Скопје беше пречекана одлуката на Светиот синод на Српската православна црква да ја одобри, благослови и да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА.
- „А сега браќа и сестри, доаѓајќи носиме уште една вест. Светиот сабор на СПЦ едногласно излезе во пресерт на молбата на МПЦ-ОА, соборот на нашата црква ја одоброува, ја благословува и ја признава автокефалноста на ова црква“, рече Порфириј.
- Истовремено, стигна веста дека писмото за автокефалност е примено во Цариград и дека на 10 јуни, Духовден, кога е 50-тиот роденден на македонската црква, МПЦ-ОА ќе сослужува на заедничка литургија со Вселенската патријаршија во Фанар.
- Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на казна затвор во траење од осум месеци за злоупотреба на службената положба и овластување.
- На останатите обвинети, шест затворски полицајци, им се изречени условни казни затвор кои нема да се реализираат доколку во наредните една, односно три години, не сторат ново кривично дело.
- Обвинетите на петмина осуденици им овозможиле незаконски погодности. Осудените биле спроведувани до своите домови и до други локации за приватни потреби, спротивно на пропишаната постапка.
- Од СДСМ ја обвинија актеулната власта дека преку „нарачани судски пресуди“ врши директна репресија врз партиски функционери од опозицијата.
- ВМРО-ДПМНЕ велат дека Андонов неодамна беше назначен за член на Извршниот одбор на опозициската партија за да може пресудата за него подоцна да се претстави како политички прогон.
- Како одговор на украинскиот напад со дронови врз резиденцијата на рускиот претседател во Новгородската област, Владимир Путин наредил во 2026 година да биде проширена тампон-зоната околу украинските погранични градови Харков и Суми, изјави генералот Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските сили.
- Руската група „Север“ во 2024 година настојуваше да воспостави зона на безбедност во североисточна Украина, за да ја оддалечи украинската артилерија од руска територија и да спречи напади со дронови врз Белгород и Курск.
- Украинските власти тврдат дека оваа зона воопшто не е превентивна, туку се користи за да се овозможат подлабоки упади на руските сили на украинска територија.
- Киев упорно негира дека испратил дронови кон резиденцијата на Путин и тврди дека тоа се лажни вести што ги шири Кремљ за да ги блокира мировните преговори.