Магнус Карлсен досега нема напуштено ниеден турнир па се верува дека причината за тоа е што е убеден дека неговиот противник мамел.
Тоа го мисли и Хикару Накамура како и директорот на шаховскиот турнири во Сент Луис кој вели дека светскиот шампион сигурно верувал дека имал добра причина да се сомнева во победата на 19 годишниот Ханс Моке Ниман.
Дечкото е баниран на chess.com заради користење компјутер за анализирање на потезите, има признато дека имам мамено на онлајн мечови но тврди дека никогаш не мамел во дуели во живо.
Пред следниот негов меч на овој турнир, Ниман бил скениран за носење електронски уреди.
„Би сакал нашето искуство некому да му помогне да најдат пократок и подобар пат“, им порачува Никола Димитров на надлежните во Загреб и Подгорица кои се најдоа во клинч околу пристапувањето на Црна Гора во ЕУ.
„Знам колку е тешко да се постигне компромис што задира во најчувствителните прашања, а потоа и тој да се брани пред сопствените граѓани. Во истиот град – понекогаш дури и во истиот ден – за едни сте човекот што направил чудо (еве уште не можеме да се изначудиме -н.з.) зачувувајќи го она што е најважно – македонскиот идентитет – додека за други сте некој што отишол предалеку“.
Потписникот на Преспански успева да забележи дека откако ветувањата за во ЕУ се изјаловија, „луѓето почнуваат да се прашуваат дали направиле грешка што верувале во договорот“.
Бездомник од турскиот град Аланија пред суд признал дека намерно го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, со цел да биде приведен и да добие храна и кревет во затвор.
„Немам каде да престојувам, спијам по депонии“, изјавил 66-годишниот маж на првото појавување пред суд. Признал и дека претходно три пати намерно го навредувал Ердоган, но не го задржале во притвор.
Според Членот 299 од Кривичниот законик на Турција, за навредување на претседателот е предвидена казна од една до четири години затвор.
Иако овој член постои со децении, неговата примена значително се зголеми откако Турција во 2018 година премина кон претседателски систем.
Во периодот од 2016 до крајот на 2025 година, обвинителите отвориле речиси 83.000 предмети за делата навредување на претседателот, знамето и државните симболи, турската нација и државните институции.