- Луиз Инацио Лула да Силва е повторно избран за претседател на Бразил, откако вчера на претседателските избори доби повеќе гласови од лутиот ривал од десницата, Жаир Болсонаро.
- Кандидатот на Работничката партија победи со 50.9% од гласовите, што е забележително достигнување имајќи предвид дека од 2011-та наваму беше осуден за примање мито, помина 580 дена во затвор и не беше во можност да се кандидира на изборите 2018-та.
- „Се обидоа жив да ме закопаат - но еве ме,“ го Лула започна победничкиот говор . За него ова е трет мандат, откако претходно владееше со Бразил од 2003 до 2010.
- Претседателот Доналд Трамп го потпиша законот со кој заврши 43-дневната блокада на федералната влада – најдолга во историјата на САД.
- Поради шестнеделната блокада на средствата федералните службеници не зедоа плата за октомври, илјадници авионски летови беа откажани и многу социјални случаи останаа без помош. Не беа објавувани клучни економски податоци за инфлацијата, вработеноста и потрошувачката. Извештаите за октомври можеби никогаш нема да бидат објавени.
- Законот е само привремено решение за политичкиот судир на демократите и републиканците и ќе обезбеди финансирање до 30 јануари. Републиканците ветија дека до средината на декември ќе одржат гласање за продолжување на субвенциите за здравствена заштита, но не дадоа гаранции дека ќе ги поддржат.
- Економската штета од блокадата е проценета на 0,1% од БДП неделно. Политичката битка заврши без победник. Нова анкета на Ројтер/Ипсос покажува дека 50% од Американците ги обвинуваат републиканците за блокадата, а 47% демократите.
- Џефри Епстин во имејл во 2011 година запишал дека Доналд Трамп поминал неколку часа со жртва на неговиот синџир за проституција во неговиот дом, тврдат демократски конгресмени од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. Овој мејл, според демократските конгресмени, Епстин го испратил до својата партнерка Гислејн Максвел.
- Во друг мејл, испратен до новинарот Мајкл Волф, Епстин напишал за Трамп: „Секако дека знаеше за девојките, бидејќи бараше од Гислејн да запре“.
- Трамп признава дека се познавал со Епстин, но категорично ги отфрла тврдењата дека знаел за неговиот синџир за проституција и подведувањето малолетнички.
- Епстин беше пронајден обесен во својата затворска ќелија во 2019 година, како жртва на наводно самоубиство, а Максвел отслужува казна од 20 години затвор бидејќи му помагала на Епстин во злоупотреба на малолетнички.