- Со нова свечена заклетва, белорускиот претседател Александар Лукашенко го почна и седмиот мандат по ред. На власт е веќе 31 година.
- Изборите на 26 јануари беа само формалност, бидејќи главните политички противкандидати на Лукашенко беа елиминирани од трката. Лукашенко победи со 87% од гласовите.
- На церемонијата во Минск Лукашенко се подбиваше со критичарите што веќе две децении го нарекуваат Последниот европски диктатор: „Половина свет сонува за нашата диктатура, диктатурата на реалниот бизнис и во интерес на нашиот народ“.
- Опозициската лидерка Свјатлана Цихановскаја од егзил најави дека ќе ја продолжи борбата против режимот во Минск: „Нашата цел е да се ослободиме од руската окупација и тиранијата на Лукашенко и да ја вратиме Белорусија во европското семејство на нации“.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.