- Косово го прифати барањето од Вашингтон да прифаќа мигранти депортирани од САД. Во почетокот ќе прима по 50 депортирани лица годишно.
- Владата изрази спремност да учествува, со можност да избира лица од предложен список, за да утврди дали ги задоволуваат специфичните критериуми поврзани со владеењето на правото и јавниот ред“, соопшти владата во Приштина.
- Косово веќе има постигнато договор со Данска да прифати 300 затвореници по 2027 година, за сума од 210 милиони евра.
- Приштина изрази интерес да прифаќа и депортирани азиланти од Британија.
- Доналд Трамп потврди дека САД и Кина постигнале договор и ја завршиле трговската војна.
- САД ќе добијат пристап до магнети и ретки минерали од Кина, а ќе ги укинат ограничувањата за извоз на полупроводници и компјутерски технологии.
- Кинеските студенти ќе може да останат на Универзитетите во САД.
- Американските тарифи за кинески производи ќе бидат фиксирани на 55%, а кинеските царини ќе бидат 10%. Во екот на заканите тие достигнаа 145%.
- „Односите со Кина се одлични!!!“, порача Трамп.