- Антикорупциска се сомнева во работењето на ЈП Лајка и ќе се испитуваат исплатите кон надворешни лица што довело до зголемување на долговите во ова јавно претпријатие.
- Република тврди дека од самото основање, во Лајка не е направена ни една ревизија и дека јавното претпријатие речиси четири години работи без никој да има увид во неговата работа.
- На предлог на здруженијата за заштита на животните, за в.д. директор на ЈП Лајка пред неколку дена бил поставен Војислав Димитровски.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.