- САД треба да го присвојат Гренланд заради меѓународна безбедност, му кажа претседателот Доналд Трамп на шефот на НАТО Марк Руте по средбата во Белата куќа.
- „Седам со човекот што може да има клучна уога. Знаеш, Марк, потребен ни е (Гренланд) заради меѓународната безбедност, не само безбедност... Ќе зборуваме со тебе“, изјави Трамп на заедничката прес-конференција по средбата во Овалната соба.
- Руте се согласи дека „регионот е важен“, но порача НАТО да не се меша: „Што се однесува до Гренланд, дали ќе му се придружи на САД или не, тоа би го оставил надвор од дискусијата, бидејќи не сакам да го вовлечам НАТО во тоа“.
- Откако Сарај влезе во урбаните граници на Скопје, се случува градежна експанзија која ја трансформира сликата. Реката Треска повеќе не личи на ништо, нејзиното корито е затрупано со ѓубре од сите страни, додека камиони и багери го уништуваат нејзиниот природен брег.
- Кога пристигнувате до она што треба да е поента на целиот простор – Црквата Св. Андреја, го увидувате целосниот македонски транзициски карактер на водење бизнис, давање лиценци, игри со „летни тераси“ и секоја нова сезона проширување на објектите до задушување.
- Простор на копно нема, па интервенциите одат и над вода.
- Господ дал многу на Македонија, но за жал нашите генерации не се дораснати на големината и посебноста на природното, историското и градителско наследство. Нашиот однос е подпросечен, безидеен и криминален.