- Без нашата историја, нашиот јазик, традиција и култура ние ќе бидеме слаби, плашливи, неодлучни, тукуречи без никаква вредност односно потстрижени! Такви никој нема да нѐ сака и самите ние нема да се почитуваме.
- Додека сите соседи со силен глас и со барабани тропаат кои делови од нашата историја сакаат да ги грабнат, овие нашиве уплашени и стаписани како некој да ги маѓепсал немаат храброст ниту протестна нота да изречат.
- Ќе дојде некој од ЕУ, домашниве понизно ќе му се поклонат и сѐ што ќе им се каже го прават или се трудат да го исполнат, дури и тоа што е спротивно на интересите на граѓаните што ги избраа!
- Колега, нели гледаш дека сме потстрижени до кожа? Ако некогаш влеземе во ЕУ таму треба да однесеме нешто, да ја збогатиме ЕУ со дел од нашата култура и искасапена историја. Ме чуди со кој ум некои од ЕУ, по сите отстапки што ги направивме доаѓаат да нѐ убедат „уште ова и тука ќе биде крајот“. Чиј крај и каков крај!?
- Претседателот Доналд Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MSNBC и Politico поради „објавување лажни вести“. Се закани дека ќе блокира и други медиуми за кои ќе оцени дека известуваат „неповолно“.
- „Нешто не е во ред со земја што дозволува луѓе намерно да пишуваат негативни извештаи. Ако сакаат да ги пишуваат, во ред. Не морам да ги пуштам во домот на народот... Тоа е многу едноставна забрана. Не ги сакам во мојата канцеларија“, изјави Трамп.
- Тој додаде дека забраната важи веднаш, но би можела да се укине ако трите медиуми „се поправат и објавуваат поповолни извештаи“.
- Новинари од CNN, MS NOW и Politico сè уште беа во кругот на Белата куќа кога Трамп ја објави забраната, без никакви знаци дека ќе бидат отстранети.
- „Според Уставот на САД, имаме право да известуваме без попречување или мешање од владата. Ако се спроведе забраната со која се закани претседателот, тоа би претставувало незаконски напад врз фундаментално и уставно загарантирано право“, објави CNN.
- САД, Данска и Гренланд постигнаа договор за трајно и ексклузивно американско воено присуство на огромниот дански остров богат со руди.
- Детали од договорот не се познати, но во основа САД ќе имаат еднострано право да градат воени објекти без да бараат одобрение од Гренланд или Данска. Договорот нема временско ограничување и ќе важи дури и ако автономниот регион во иднина стекне независност.
- Вашингтон ќе има право да блокира проекти и инвестиции на островот за кои ќе оцени дека ги загрозуваат интересите на САД“.
- САД веќе имаат речиси целосни права за прелет и за користење бази на Гренланд, врз основа на договор од 1951 година. Сепак, Трамп во својот втор мандат упорно се закануваше дека ќе го анектира островот или бараше да го купи од Данска заради зајакнување на стратешката безбедност на САД.
- Данската премиерка Мете Фредериксен оцени дека договорот „ја зајакнува заедничката безбедност на Арктикот“ и дека ќе биде потпишан на Генералното собрание на ОН идната недела.
- Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека договорот ги уважува интересите на автономната територија.