Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Коцарев: Осудена е на пропаст секоја држава што ја гради иднината врз нелегални или недостоинствени документи

23 февруари 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Извор на сите наши витални проблеми се сите документи што не се конзистентни со основните премиси на македонизмот, а такви се Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанската спогодба, рече академик Љупчо Коцарев, во своето експозе на Годишното собрание на МАНУ.
  • Република Македонија под тоа име беше призната од над 130 земји од 193 членки на Обединетите нации или речиси од 80 проценти од жителите на планетата Земја, вклучувајќи ги трите суперсили Кина, Русија и САД, потсети првиот човек на МАНУ.
  • Преспанската спогодба не само што ги избриша тие факти,  туку покажа дека „САД се подготвени да жртвуваат еден неважен пион за поголем геополитички интерес, дури и ако тоа значи соочување со сеништата од минатото на нашите соседи, што може да доведе до распаѓање на Македонија и до обновување на регионалниот поредок”.
  • Ако ЕУ преку ветото на една своја членка, како услов за почнување на преговорите, бара од Македонија не само да избрише дел од својата историја поврзана со борбата за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор, туку и да ја ревидира синтагмата „фашистички окупатор” што, за жал, е поддржано од дел од македонските политичари, но и од македонските квазиисторичари, зар тоа не придонесува за разнебитувањето на македонската држава. Поради тоа, се поставува прашањето: која е пораката што ЕУ ѝ ја праќа на Македонија?
извор

500 француски школи се затворени поради протестите

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Околу 500 средни училишта во Франција се затворени заради протестите на учениците во нивните лицеи кои минатите денови знаеја да бидат и насилни. 
  • „Безбедносните услови не се исполнети“ гласи официјалната причина за неработењето, особено што за утре се најавени и помасовни протести. 
  • 24 училишта биле запалени или ограбени а 78 вработени  повредени од почетокот на протестите.
  • Тинејџерите од француските средни училишта се жалат на чести отсуства од работа од страна на наставниците, предолги училишни денови и дотраени објекти. Тие протестираа и поради недостатокот на соодветно ладење во жешките летни денови.
извор

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Во еден од становите на пониските катови живее една мајка со нејзините два сина. Таа е одамна изморена, со длабоки бразди околу очите и раце што ги носат сите белези на десетлетија поминати во грч. Мајка која предолго молчи и премногу простува.
  • Едниот син, љубимец на одамна починатот татко, е локалниот маалски лик. Фаворизиран, а всушност полуписмен, но неверојатно гласен.  Другиот син е негов антипод. Тивок човек, грижлив, трпелив и необично мудар за своето време.

  • На најгорниот кат, во пространиот, совршено осветлен пентхаус, живее еден Господин. Води ексклузивен, привилегиран социјален клуб за одбрани станари. Сака сите станари од зградата конечно да станат дел од тој клуб, за да се создаде една „елитна заедница“, отпорна на провинцијализам и мирис на евтина кујна.
  • Господинот е врвен пресметлив манипулатор. Проценувајќи го секој стан одделно, тој прави непогрешлива дијагноза и за ова семејство. Истрајниот, син е премногу горд и проницлив, не подлегнува лесно на уцени, заклучува тој. Затоа, својата стратегија ја насочува кон попречниот, плиток и поткуплив син, зависникот.
  • Господинот знае дека корисниот идиот е најкорисен кога не е свесен за сопствениот идиотизам па затоа смислено го велича, му подидува и го бодри.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
2

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
3

Самоил и дупките

Балканштина
4

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Поетски толкувања

Балканштина
8

Да стане Самоил и да се труди наместо вас?

Разно
1

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

2

Америка ги повлече сите свои бомбардери од Британија

3

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Разно
4

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Занимливости
5

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
6

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
7

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

8

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Дајте пишете ги во Устав, ќе биде забавно

Самрак на Боговите

Koга е прерано за заебанции?

Добриот град далеку се слуша

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy