- Обвинувам за изневерување на македонските принципи, за плиткост, за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за немање осет за геополитичка стратегија, за работење против државните интереси.
- Обвинувам за распаѓање на Македонија по сите основи, по сите шевови.
- Обвинувам за поробена Македонија, демакедонизирана Македонија, за тоа што ја предадоа Македонија, онака, доброволно, од ќеф, за грст долари, за нестварен сон, за илузија, за „повисока цел“.
- Обвинувам за големи лаги, круцијални предавства и празни ветувања што ги направија нашите животи да станат бесцелни, безидејни, нестварни, анксиозни, вознемирени, депресивни, конфузни, очајни.
- Обвинувам за помор на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.