- На годишнината од раѓањето, Димитар Ковачевски го нарече Гоце Делчев голем и светски (што е точно), но не и македонски (што исто е точно и бааги поважно среде бугарската офанзива да инсистираат дека е бугарски).
- Затоа, чисто принципиелно, по аналогија, го нарекуваме Димитар Ковачевски ќелав (што е точно) но не и македонски (што и не би било точно бидејќи тој според Преспа е само премиер на Северна Македонија).
- Тој најбесрамно изрецитира дека негов идеал и патоказ е онаа на Гоце за „светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, оти па сите сме глупи и нема да се сетиме дека истиот тој премиер има буџет кој е на претпоследно место во регионот по средствата кои ги издвојува за култура (види овде).
- Европската Унија не успеа да го потврди начелниот договор за укинување на санкциите против руските олигарси Алишер Усманов и Михаил Фридман.
- Франција и Словачка, кои инсистираат да бидат укинати мерките против милијардерот Усманов, и Луксембург, кој го бара истото за Фридман, синоќа постигнале компромис со другите членки - двајцата олигарси да бидат избришани од „црниот список“, во замена за продолжување на санкциите за три години, наместо за шест месеци.
- Летонија, сепак, се спротивставила на овој договор, поради што преговорите ќе продолжат денеска, кога завршува важноста на претходните санкции за Русија усвоени во март.
- Санкциите опфаќаат забрана за визи и замрзнување на сметките. Усманов и Фридман се на списокот уште од почетокот на војната во 2022 година.
- Париз очекува во „замена“ за бришење на Усманов од листата да бидат ослободени двајца француски државјани приведени во Азербејџан, а Фридман побарува од Луксембург компензација од 15 милијарди евра во арбитражна постапка за национализиран имот.
- САД воведуваат нови санкции за Техеран со кои очекуваат да ги исклучат сите ирански авиокомпании од меѓународниот сообраќај.
- Санкциите се однесуваат на аеродромските оператори и доставувачите на гориво и други поврзани услуги.
- „На 23 септември, сите ирански авиокомпании ќе бидат приземјени ширум светот. Ако слетаат, не смее да им се обезбеди гориво. Не смее да им се дадат услуги за слетување, ниту да им се продаваат билети. Во спротивно, ќе бидат исклучени од доларскиот систем“, изјави министерот за финансии Скот Бесент.
- Министерот изјави дека САД ќе преземат поостри секундарни мерки и против сите банки во светот што вршат трансакции со Иран: „Знаеме кои се. Тие знаат кои се, и ние ставаме крај на тоа“.
- Бесент не прецизираше дали притисокот ќе трае „една недела, еден месец или шест месеци“, но истакна дека е „најстрогиот досега“.