- И едните и другите очекуваат денешните протести во Белград да бидат разврска на повеќемесечните студентски блокади.
- Во последното ТВ обраќање, српскиот претседател порача дека нема да дозволи улицата да ги одредува правилата и дека нема да дозволи преодна/експертска влада.
- Оној дел од јавноста кој ги подржува студентите и нивните барања се убедени дека масовноста и упорноста на протестите ја делегитимираат власта на Вучиќ.
- Тие очекуваат во Белград денес на улица да излезат и половина милион луѓе од градот и цела Србија кои масовно почнаа да доаѓаат уште претходната ноќ. Вучиќ проценува дека протестите ќе бидат масовни, но далеку помалку - околу 80.000 луѓе.
- Многу убави и ведри луѓе полни надеж има на улиците, но затоа на социјалните мрежи (оние кои од човекот го вадат најлошото) е одвратно: жестоко омаловажување и дехуманизирање на оние другите: или се странски платеници и анти-српски шовинисти или се багра, гамад, сендвичари...
- И медиумите се жестоко поделени (види - ОВДЕ).
- Горе-долу, сме го виделе сето тоа. Само што засега се нема појавено нивниот „Заев“.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.