- Првиот човек на американското здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди јуниор, ги прозва двата најпопуларни синџири кафетерии околу содржината на шеќер во нивните пијалоци.
- „Ќе ги прашаме Данкин Донатс и Старбакс: „Покажете ни ги податоците за безбедноста што покажуваат дека е во ред тинејџерка да пие ладно кафе со 115 грама шеќер во него“, рече Кенеди.
- „Не мислам дека ќе можат да го сторат тоа“, додаде тој.
- На почетокот на оваа година администрацијата на Трамп објави нови упатства за исхрана за што беше кажано дека е „најзначајното ресетирање на федералната нутриционистичка политика во историјата“.
- Новите упатства воведоа превртена пирамида за храна. За разлика од претходните насоки, актуелната пирамида им дава приоритет на протеините, црвеното месо и полномасните млечни производи.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.