- Пекинг објави дека нема да попушти во трговската војна со САД откако стапија на сила американските царини од 104% за увоз на кинески производи.
- „Ние не создаваме проблеми, но не се плашиме од проблеми. Кинезите не сакаат притисоци и закани. Кина нема да покаже слабост и нема да прави компромиси. Ќе му ја покажеме на целиот свет нашата цврста решеност да го браниме системот на мултилатерална трговија“, објави државната телевизија веднаш штом стапија на сила американските тарифи.
- Трамп ги опиша царините како „легендарни“ и објави дека „многу земји преговараат за трговски олеснувања со САД.
- „Во реалноста, секоја царина над 35% би им го збришала профитот на кинеските извозници. Секој процент над тоа е само симболичен“, оцени Дан Ванг од консултантската група Евроазија.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.