Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ким Кардашијан попи казна за рекламирање крипто, Мет Дејмон куртули

4 октомври 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ким Кардашијан е казнета со 1,2 милиони долари заради промовирање крипто шеми заборавајќи да спомне дека за тоа е платена (земала 250.000 долари).
  • Во слични шеми учествуваа и Мет Дејмон и Лари Дејвид но тие засега не се казнети.
  • Користењето славни лица во рекламирањето крипто привлече милиони Американци да влезат во тој свет, неспоредно пред цените да почнат да крахираат.
  • Буџетот на секоја реклама бил 6 милиони долари, врв беше кога беа пуштени на Суперболот годинава.
извор

И Јутјуб само за возрасни во Австралија

30 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Австралија го додаде и Јутјуб на списокот забранети социјални медиуми за деца, по извештајот дека 37% од тинејџерите пријавиле загрозувачка содржина на најпопуларната платформа за видеа. Забраната на пристап на деца на возраст под 16 години ќе се спроведува од 10 декември.
  • „Децата во Австралија се под негативно влијание на онлајн платформите. Сакам родителите да знаат дека ја имаат нашата поддршка“, изјави премиерот Ентони Албанезе.
  • Се очекува Јутјуб да ја обжали забраната, затоа што не се смета за социјален медиум: „Нашата позиција е јасна. Јутјуб е платформа со видеотека со слободна и квалитетна содржина, која се следи и на телевизори. Не е социјален медиум“.
  • Содржини на Јутјуб во Австралија следат три четвртини од децата на возраст помеѓу 13 и 15 години. Забраната нема да важи за специјализираната верзија YouTube Kids.
извор

Општа тревога за цунами низ Пацификот

30 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Јапонија и Хаваи спроведуваат масовни евакуации поради опасност од цунами низ Пацификот, предизвикани од силниот земјотрес на Камчатка.

  • Потресот со интензитет од 8,8 Рихтерови степени кај Петропавловск е шести според јачина од сите што досега биле регистрирани во историјата. Жариштето било на длабочина од 19 километри. Се очекуваат афтершокови со месеци.
  • Источниот брег на Русија го погодиле бранови од цунами со височина од 3 до 4 метри. Има повредени лица и од брановите и од земјотресот.

  • Првиот удар на северниот јапонски остров Хокаидо бил со бранови од 40 сантиметри, но се стравува и од бранови од 3 метри. Јапонија повика 1,9 милион луѓе да се засолнат подалеку од брегот и на повисоко.
  • Најсилниот удар се очекува на Хаваите, каде што се очекуваат цунами од над 3 метри. Низ Хонолулу вијат сирени. Градоначалникот Рик Бланџарди ги повика жителите да ги следат препораките, да не паничат и да се оддалечат од брегот.
  • Тревога поради можно цунами кренаа и делови од западниот брег на САД, Кина, Индонезија, Филипините, Еквадор и Перу - 13.000 километри на југ од Камчатка.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

И сега ќе го обвинат магарето

Македонштина
2

Грција знае дека не ѝ е чист есапот

Македонски рулет
3

Ќе се најде ли прајач?

Македонштина
4

Да се даде бакшиш за искреност

Македонштина
5

Повеќе од 30.000 навивачи на Партизан подготвуваат реванш за Украинците

6

Како Балканци замислуваат промаја

Балканштина
7

Ок, се важи

Балканштина
8

Каде се туристите?

Канта
1

Откриени цревните бактерии одговорни за мултиплекс склероза

Здравје
2

Нов Зеланд го ограничува правото на глас

3

Скришно планирале да ни го помрачат Сонцето

Свет
4

Дошол од Лас Вегас за да убива по Менхетен

5

Британците Арифи, Џафа и Шакиби групно силувале жена во Сплит

Свет
6

Малку спиење е нездраво, ама и претераното може да биде смртно опасно

Здравје
7

Општа тревога за цунами низ Пацификот

8

Ќе направи ли ЕУ било што за Газа?

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Медиумско пакетче

Балканштина

Не е романтично, ефикасно е

Македонштина

Ќе се најде ли прајач?

Балканштина

Како Балканци замислуваат промаја

Македонштина

Да се даде бакшиш за искреност

Балканштина

Ок, се важи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ќе зевнете ли?

Кончита и контроверзноста на женската брада

Пишувачите на текстови

Зошто современиот свет не може да се помири дека некој може да исчезне?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy