Откако шведската воена разузнавачка агенција потфрли со проценката дека „Русија нема да изврши инвазија врз Украина“, Владата во Стокхолм создава нова шпионска служба UND, која според начинот на дејствување ќе потсетува на британската МИ6.
Новата цивилна агенција е дизајнирана од поранешниот премиер Карл Билт, кој подоцна беше главниот мировен посредник на Европа за војната во поранешна Југославија.
Во рамките на UND ќе биде вклучена „Канцеларија за специјално прибирање податоци“, чии агенти уфрлени во странство ќе спроведуваат тајни операции.
Се очекува шведскиот парламент да го одобри формирањето на агенцијата до 13 август, пред изборите во септември, а UND би требало да функционира од јануари идната година.
И други европски земји забрзано ги реорганизираат своите служби за надворешно разузнавање. Берлин ја ослободи BND од строгите правила за почитување на приватноста кои ѝ ја ограничуваа способност за следење на луѓе. Сè планира и потесна соработка на службите во заедничка европска мрежа, слична на Five Eyes во која се САД, Австралија, Британија, Канада и Нов Зеланд.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.