Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Како Америка го уништи Северен тек

9 февруари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Њујорк Тајмс тоа го нарекува „мистерија“, но еден од нивните најсајни репортери на сите времиња пишува дека е тоа е операција одобрена од Белата куќа а извршена од ЦИА.
  • Под закрила на воена вежба на НАТО, американски нуркачи поставиле мини долж гасоводот, кои подоцна биле далечински активирани, тврди Пулицеровиот добитник Сејмор Херш.
  •  Одлуката била донесена по деветмесечно планирање а голем дел не бил посветен на тоа дали треба да се изврши мисијата, туку како да се изведе без оставање траги кој е одговорен.

* Како медиумите ја саботираа саботажата на Северен тек

извор

Бугарска пропаганда во .мк руво

24 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик кои се дизајнирани да наликуваат на медиумски редакции од земјава се, всушност, експозитури на бугарската Фондација „Македонија“ на контроверзниот Виктор Стојанов.

  • Речиси 140 илјади профили ги следат овие страници само на Фејсбук, пишува Александар Димитриевски на 360 степени.

  • Најголем дел од содржините пласирани во мрежата на портали и страници на социјалните медиуми се вообичаени, но дел се презентирани на начин што предизвикуваат жестоки дебати за односите меѓу Македонија и Бугарија, за односите меѓу Македонците и Албанците и слично.

  • На прашањата зошто овие портали не објавуваат импресум и издавач, како се финансираат со оглед на тоа дека немаат значајна комерцијална активност на веб-страниците на споменатите портали и која им е целта со објавата на содржини кои провоцираат говор на омраза на социјалните мрежи, Виктор Стојанов им одговорил: „Вие сте државен медиум на Република Северна Македонија, каде што до неодамна министерот и вицепремиер беше човекот на Путин во Скопје – Иван Стоилковиќ. На вас ли бе да даваме објаснувања? Ќе ве прогонуваме до крај. Чао.“

извор

Се гаси „Портата кон пеколот“ во Туркменистан, се отвори друга во Венецуела

24 јули 2026
  • Share
  • Post
  • По 54-години горење, се гаси „вечниот“ оган од кратерот Дарваза во Туркменистан, кој со времето стана туристичка атракција позната како „Порта кон пеколот“. Интензитетот на огнот за три години се намалил за 75% откако беа ископани нови бунари за да ги ослободат резервите на метан. 
  • Огнот во 1971 година го запалиле советски инженери за да затворат неупотреблив извор на гас од пештера, но не процениле колку се големи резервите.
  • Додека се гаси огнот во Туркменистан, се отвори нова на другиот крај на светот - во Венецуела. Селани од местото Мачадо побарале помош откако од пукнатини во земјата се појавил оган.
  • Геолози и експерти од Цивилната заштита утврдиле дека се запалиле резерви на јаглен кои поради лизгање на земјиштето дошле во контакт со кислород. Се утврдува длабочината и површината на јаглената жила за да се направи стратегија како да се изгасне огнот.
  • „Нема потреба од тревога меѓу населението. Ова е целосно сув предел, без вегетација што би овозможила ширење на површински пожар“, објасни Канал Јеснардо, директор за цивилна заштита во регионот Тачира.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Народска двојазичност

Македонштина
2

Некои скопјани се плашат на англиски

Македонштина
3

Вака треба со сите сељачки прашања: „Се зборува дека...“

Македонштина
4

Адидас лајкс дис

Балканштина
5

Сега може да нè следат и невидливи дронови

Технологија
6

Бугарска пропаганда во .мк руво

7

Убава идеја, за жал неупотреблива

Разно
8

Фризурата на Кукуреља има емотивна позадина

1

Сега може да нè следат и невидливи дронови

Технологија
2

Бугарска пропаганда во .мк руво

3

Имигрант решава кои азиланти може да останат во Германија

Свет
4

Трамп го вооружи Иран за новите битки

Свет
5

Се гаси „Портата кон пеколот“ во Туркменистан, се отвори друга во Венецуела

6

Леонардо, Бетовен и Кири против разни птици на новите евра

7

Странски амбасадори го натерале Али Ахмети да стави македонско знаме во канцеларија

8

Владата на САД принудно откупува приватни имоти за изградба на дата-центри

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Уште инфлуенсер фали

Македонштина

Некои скопјани се плашат на англиски

Македонштина

Народска двојазичност

Балканштина

Адидас лајкс дис

Разно

Македонија до Масачусетс

Македонштина

Вака треба со сите сељачки прашања: „Се зборува дека...“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како лобистите од појадокот направија најважен оброк во денот

Тука почна Брегзит

„Добар ден“ да ти каже, ќе знаеш дека е ноќ

Тоа е само работа, не мора да запнувате

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy