Кацарска и Уставен решија да не поведуваат постапка за Преспански
- Уставниот суд едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на законот за ратификација на Преспанскиот договор.
- Тој беше оспорен поради тоа што указот за негово стапување на сила не беше потпишан од претседателот и беше објавен во Службен весник со потпис на Талат Џафери.
- За да донесе одлука да не постапува, на Уставен му требаа пет години.
- „Во духот на Уставот волјата на пратенците се персонифицира во духот со волјата на граѓаните наспроти само на еден човек“, ќе рече Добрила Кацарска, судијката која рече дека најтешката ослободителна одлука која ја донела во животот била онаа за Игор Дурловски за случајот 27-ми април.
Види и:
Кацарска, Нинџа и вицот за лажните сведочења
Системот „Русковска- Кацарска“ почна да добива шамари од судот во Стразбур