“Не е сеедно после 33 години докажан судски стаж да бидете повикани во Судскиот совет. Морам да признам дека не се чувствував баш пријатно и убедена сум дека во ниедна демократска земја за вакви наводи во вакво писмено барање за разрешување на судија не бил повикан судијата да биде сослушуван со саати и да се чувствува како на обвинителна клупа.”- изјави Добрила Кацарска која без ниеден материјален доказ му изрече 15-годишна затворска казна, на:
- Душко Лазаров, дипломиран правник со 30-годишно работно искуство во МВР, со бројни меѓународни сертификати во делот на воспоставувањето на јавен ред и мир и справување со хулиганството, носител на бројни признанија и награди од меѓународни институции и организации (ОБСЕ, УЕФА, амбасади...), како и главен офицер за организација на УЕФА Супер Купот, чиј домаќин беше градот Скопје, а за чија беспрекорна организација беше пофален од Европската куќа на фудбалот – УЕФА...
Душко Лазаров е началник на сектор во МВР, кој целиот свој професионален стаж го има одработено во министерството и на браникот на татковината, но единствениот “грев” кој му се става на товар е фактот што на дотичниот 27ми април само тој бил присутен во оперативниот штаб на МВР и тоа во улога на советник, без притоа да има никаква командна одговорност согласно Упатството на МВР за златна, сребрена и бронзена команда. Упатство, во чие креирање и самиот учествувал (како дипломиран правник), а пазете: согласно пресудата на Кацарска – Лазаров не преземал мерки согласно Упатството кое, очигледно Лазаров го знае наизуст. Каков парадокс...
Токму Душко Лазаров, денес сè уште е во притвор и повеќе од 6 месеци чека Врховниот суд да одлучи за мерката притвор, до одлучувањето на обжалената првостепена пресуда пред Апелациониот суд. Претходно пишував како со првостепената пресуда на Кацарска, беше укината гаранцијата како мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот, со што директно се прекрши ЗКП и со што ваквата пресуда стана НЕЗАКОНСКА!!! Впрочем, денешното сослушување на Кацарска пред Судскиот Совет не е единствено... Судскиот Совет и претходно по поднесок од страна на Народниот правобранител расправаше за постапувањето на Кацарска во предметот за 27ми Април 2017 год. и утврди неправилности во целата постапка, особено во делот на изрекувањето на пресудата и мерката притвор до правосилност на пресудата, без притоа (не/свесно) да ја поништи претходно дадената гаранција за Душко Лазаров. Во тој процес, Кацарска се бранела со тезата дека направила НЕНАМЕРНА ГРЕШКА што не ја укинала Гаранцијата. Замислете ваква грешка да направи хирург во операциона сала и да се одбрани со тезата: Извинете, направив ненамерна грешка и поради тоа Вашиот сопруг/татко не е повеќе меѓу нас!
И покрај сè, Судскиот Совет утврдил НЕПРАВИЛНОСТИ во постапувањето на Кацарска при водењето на предметот за 27ми Април, но политичката спрега е преголема за “Бисерот на правосудството на СДСМ” – Добрила Кацарска биде разрешена од функцијата, а не пак кривично да одговара.
Затоа и денешново парадирање пред Судскиот совет за случајот со Јанкулоска е само замајување на јавноста, бидејќи исходот е однапред познат...Но, правдата иако е бавна, сепак ги стига оние кои се огрешиле пред Законот...
P.S. Душко Лазаров е скромен, чесен и пред сè НЕВИН човек!!! Ќе издржи токму поради неговата професионалност и отсуство на било каква вина. Неговата храброст и доблест ќе се пишува во учебниците по историја, но ликот на Добрила Кацарска и нејзините дела ќе станат задолжително четиво за студентите по казнено право како НЕ треба да се практикува правото и не/правдата!
Марјан Спасески
виа ФБ