Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Јапонски министер поднесе оставка заради гаф за оризот

1 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Никогаш самиот немам купено ориз. Добивам многу ориз од моите поддржувачи. Имам толку многу ориз дома што би можел да го продавам“.
  • Тоа е реченицата која јапонскиот министер за земјоделство ја кажа во една средба со новинарите и потоа предизвика гнев и бура реакции во јавноста по што поднесе оставка заклучувајќи дека „не е вистинската личност за оваа улога“.
  • Цената на оризот - главната храна во Јапонија - стана големо политичко прашање  а гафот на Таку Ето не можеше да дојде во полошо време за владата на премиерот Шигеру Ишиба, која, неколку недели пред изборите, страда од ниски рејтинзи поради спиралното зголемување на трошоците за живот. 
  • „Како надлежен министер дадов исклучително несоодветна забелешка. Затоа, уште еднаш му се извинувам на народот на Јапонија“, рече Ето откако ја поднесе својата оставка и додаде дека целосно ги разбира тешкотиите со кои се соочуваат луѓето поради зголемените цени на оризот.
извор

Јанкуловски: Подемот на Homo Idioticus

16 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
  • Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
  • Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“.  Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
извор

За СДСМ е понижувачко што Вучиќ спомнал дека Шеќеринска е женско

16 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
  • Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
  • Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
  • Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Времето ги открива улогите

Разно
2

Скопје на чекор од средновековни болести

Македонштина
3

Еве зошто се дебили оние од пакетчињата „Богати и славни“

Македонштина
4

Мараја Кери - Куршлусо

Забава
5

Од македонскиот Буковски

Онака
6

Може замена за буквар?

Македонштина
7

Вучиќ за Шеќеринска: Од неа можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисла

8

Столе Димитриевски бранеше како мачка, Валенсија победи

Фудбал
1

Холандија ќе ја полни касата со данок на нереализирана добивка

Свет
2

За СДСМ е понижувачко што Вучиќ спомнал дека Шеќеринска е женско

3

Шпанија ги легализираше мигрантите, сега ѝ ги префрла на Европа

Свет
4

Јанкуловски: Подемот на Homo Idioticus

5

САД: Пекинг со еден повик може да ја запре војната во Украина

6

Рубио ја испрати Европа по ѓаволите. Европа бара да ѝ го покаже патот

Мислења
7

Вучиќ за Шеќеринска: Од неа можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисла

8

Хилари конечно признава: Миграцијата ги премина границите

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Може замена за буквар?

Македонштина

Скопје на чекор од средновековни болести

Македонштина

Еве зошто се дебили оние од пакетчињата „Богати и славни“

Македонштина

Орајте ноќеска само за неа

Македонштина

Фала Заев, фала Димитров, фала Шарена револуцијо

Македонштина

Каков град е Скопје, среќни сме што сврти десно

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Бидете така

Ајде да се лечимо да нам очи сјаје

Запомнете го овој убав македонски збор

Украина, сè наопачки

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy