- Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд бил префрлен во болница во сериозна здравствена состојба по наводен обид за самоубиство, неколку дена откако против него беше покрената истрага за „тешка корупција“, поврзана со осудениот педофил Џефри Епстин.
- Јагланд, кој беше и генерален секретар на Советот на Европа и претседавач на Нобеловиот комитет за мир, е обвинет дека побарал лични заеми од Епстин и му бил гостин на неговите имоти.
- Норвешките медиуми цела недела не објавувале вести за обидот за самоубиство, откако адвокатот на Јагланд постигнал договор со Норвешката асоцијација на уредници и ги предупредил дека неговата здравствена состојба е сериозно нарушена.
- „Товарот врз Јагланд и неговото најблиско семејство е голем во последно време, до тој степен што постои сериозна опасност по животот или здравјето. Тој беше згрижен од здравствената служба во текот на викендот. Исто така, има сериозни здравствени состојби во неговото најблиско семејство“, напишал адвокатот Андерс Бросвет.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.