Јадете ли 30 различни билки неделно?
14 јули 2025
- Овошје, зеленчук, јаткасти плодови, зачински билки.... оние кои успеваат да јадат 30 различни растителни видови неделно имаат подобро варење, покажува американска нутриционистичка студија.
-
„Досега верувавме дека пресудна е количината, но оваа студија покажа дека разновидноста на растителните влакна е клучна“, вели еден од авторите.
-
Во препорачаната мешавина се дозволуваат и мешунки како грав и грашок а влакна имаат дури и кафето и тофуто.
-
Разновидноста на влакната е од корист за микробиомот - мноштвото ситни бактерии што ги населуваат цревата и се одговорни за добро варење и многу повеќе. „Широкиот и разновиден микробиом може да помогне во спречувањето на дигестивни инфекции“, објаснува гастроентерологот Кристијан Сина.