- Обединетите нации ја додадоа израелската Затворска служба на црната листа на ентитети обвинети за сексуално насилство во зони на конфликт за 2026 година.
- Основа за додавањето на израелските ентитети на листата е извештајот на специјалната известувачка на ОН, Алис Џил Едвардс, која собрала информации за 52 случаи за различни форми на тортура во израелски затвори, како и 33 случаи на сексуална злоупотреба. Случаите вклучуваат: „тепања, стресни пози, струјни удари, лишување од сон и гладување“.
- На оваа листа на ОН се терористички организации, а во август 2025 година беше додаден и палестински Хамас.
- Како реакција Израел ги прекина сите контакти со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Секој што го вклучува Израел на истата листа со терористите и силувачите на Хамас нема чувство за морал“, коментира израелскиот амбасадор во ОН, Дани Данон.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.