- Израелскиот парламент прифати да го разгледува предлог-законот за воведување смртна казна за терористички напади, насочен кон палестинските милитанти што убиле израелски цивили. Законот е префрлен на комисиска расправа и треба да помине низ четири гласања.
- „Вака треба да се бориме против теророт. Ова е начин да ги обесхрабриме. Откако ќе го усвоиме законот, ќе ги пуштаме терористите само во пеколот“, изјави министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кој го предложи законот.
- Противниците на законот тврдат дека егзекуциите ќе го остават Израел без механизмот на размена на палестински затвореници за израелски војници или цивили. Во неодамнешните размени со Хамас, Израел ослободуваше по стотици палестински затвореници за секој грабнат Израелец.
- Бен Гвир го посочи случајот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар. Тој во 2011 година беше ослободен од затвор при размена на 1.000 палестински затвореници за еден израелски војник заробен во Газа. Синвар во 2023 година го организираше терористичкиот напад врз Израел, во кој беа убиени повеќе од 1.200 луѓе и 254 беа грабнати и префрлени во Газа.
- Израел во 1954 година ја укина смртната казна за убиства. Единствениот човек што бил погубен во Израел бил Адолф Ајхман, архитектот на нацистичкиот холокауст, во 1962 година.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.