Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Израел веднаш го прекрши примирјето во Либан

17 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Само половина час откако на полноќ стапи на сила десетдневното примирје помеѓу Израел и Либан, израелските сили го гранатирале либанското место Бинт Џбеил, а потоа и уште неколку места во јужен Либан. Не се пријавени прекршувања од либанска страна ниту од Хезболах.
  • Израелските одбранбени сили ги повикаа протераните Либанци од јужен Либан да не се враќаат во нивните места јужно од реката Литани, бидејќи овој регион ќе остане под израелска окупација додека трае прекинот на огнот.
  • Војната со Израел расели повеќе од 1 милион Либанци. Илјадници излегоа на улици низ Бејрут за да го прослават примирјето. Многумина раселени семејства почнале да ги пакуваат шаторите и душеците, а некои веднаш тргнале на југ кон своите домови. Либанските власти ги повикаа да почекаат уште неколку дена, бидејќи не е безбедно поради израелските прекршувања.
  • Трамп го поздрави примирјето и изрази надеж дека „Хезболах ќе се однесува убаво и добро“.

  • Бенјамин Нетанјаху потврди дека израелските сили нема да се повлечат од своите позиции за време на десетдневното примирје: „Ќе останеме во безбедносна зона од 10 километри, што ќе ни овозможи да спречиме инфилтрација и лансирање ракети“. Тој додаде дека прекинот на огнот само овозможува преговори, во кои Израел од позиција на сила ќе бара разоружување на Хезболах и одржлив мировен договор“.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
7

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

"Оргазмот ја убива болката"

Не мора да ви се допаѓаат вестите за да ги почитувате

Како да познаеш лузер

Кочо Анѓушев и повластените тарифи за фотоволтаични централи

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy