Изгореа огромни кули во Хонг Конг
26 ноември 2025
- Голем пожар уништи комплекс од кули со околу 2.000 станови во Хонг Конг. Пожарникарите успеале да го локализираат пожарот во три згради, а четири сè уште горат.
- Според новите информации, загинале 55 луѓе, а 279 се исчезнати. Од 76 згрижени во болница, 15 се во критична состојба.
- Во комплексот Ванг Фук Корт во мали станови од 40 до 50 квадратни метри живееле околу 4.600 луѓе.
- За брзо разгорување на пожарот придонеле и скелињата од бамбус, поставени заради реновирање.