- Америка е решена да се менува внатре, а тоа ќе значи ќе се менува и светот, да немаме дилеми околу тоа. Можеби е империја во пад, како што некои тврдат, но и кога империјата паѓа промените се големи.
- Чекаме проветрување, едно ново големо општествено прочистување на оставината од претходната влада, која ја пеплоса Македонија и економски и политички и духовно. Не удирајте си ја главата за да дознаете кој ќе ги кочи процесите, самите ќе излегуваат јавно и само ќе критикуваат и ќе се жалат, ќе бојкотираат и ќе се закануваат.
- Само погледнете ги изјавите околу патувањата на владината делегација во Турција за средбата со Ердоган, а потоа и во Будимпешта, кои се фокусираа на тоа колку чинел летот од Анталија до Будимпешта, со кој наводно тимот на Мицкоски летал на средбата во Унгарија со Орбан. Што потпишале и не било толку важно.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.