- Разузнавачките служби на САД спроведуваат истрага за вмешаноста на федералната полиција во планирањето на нападот врз Капитол Хил на 6 јануари 2021 година.
- Канцеларија на Министерството за правда во декември потврди дека 26 оперативци на ФБИ биле во толпата што го нападна Капитол Хил, но ја отфрли теоријата дека тие имале налог да упаднат во Конгресот или да поттикнат насилства.
- „Веќе утврдивме дека во толпата биле инфилтрирани повеќе агенти од ФБИ и од други агенции, кои насочувале и отстранувале барикади. Отворена е широка истрага“, изјави пред Сенатот Џозеф Кент, шеф на кабинетот на директорката за национално разузнавање Тулси Габард.
- Кент посочи дека за операцијата најверојатно била одговорна Вашингтонската канцеларија на ФБИ.
- Претседателот Доналд Трамп во јануари амнестираше повеќе од 1.500 луѓе обвинети за учество во нападот врз Капитолот во обид да го спречат официјализирањето на победата на Џо Бајден на изборите во 2020 година.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.