- Иранско беспилотно летало ја погодило британската воздухопловна база Акротири на Кипар. Штетата била ограничена и немало жртви.
- Британија го задржува суверенитетот над две бази на Кипар, кој е членка на Европската Унија.
- Премиерот Кир Стармер претходно изјави дека Британија се согласила со барањето САД да ги користи британските воени бази Ферфорд во Англија и Диего Гарсија во Индиски Океан за „одбранбени“ напади врз ирански цели. Стармер додаде дека Британија не се придружила во офанзивни акции врз Иран, затоа што „ги научила лекциите од вклучувањето во американската војна против Ирак“.
- Откако беше нападнат од САД и Израел, Иран возврати со напади врз американски бази во Бахреин, Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Јордан, како и врз Израел.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.