- Доналд Трамп објави дека примирјето со Иран е завршено, по новата престрелка со ракети.
- „Не сакам повеќе да се занимавам со нив, тие се ѓубре... Тие се болни луѓе, ги водат болни луѓе... Ако имаа нуклеарно оружје, ќе го употребеа, Според мене, тоа е завршено“, изјави Трамп на прашањето дали и по престрелката важи Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран.
- Тој додаде дека ќе им дозволи на Стив Виткоф и Џаред Кушнер да ги продолжат напорите да преговараат, но не очекува резултати.
- „Не ми е гајле, може да разговараат. Но, мислам дека попусто си го губат времето. Тие (Иранците) се банда лажговци“, додаде Трамп.
- Пред само неколку недели Трамп во Париз и иранскиот претседател Пезешкијан во Техеран го потпишаа Меморандумот за разбирање, кој ги обврза двете страни да ги запрат нападите и да овозможат слободен премин на бродови низ Ормускиот проток во период од 60 дена, додека се водат преговори за склучување траен мир. Трамп и порано му се закануваше на Иран со уништување, па веднаш потоа објавуваше напредок во преговорите.
- Доналд Трамп нареди итен прекин на целата трговија со Шпанија, како казна затоа што партнерот од НАТО не го зголемил националниот буџет за одбрана и одбил да им помогне на САД во војната против Иран.
- „Не сакам никаква трговија со нив, во ред? Веднаш. Дури и не разговарајте со нив. Тие се безнадежни. Тие се лоши луѓе... Заработуваат толку многу пари со нас, а ќе се погрижиме да заработат многу помалку“, му нареди Трамп пред камери на министерот за финансии Скот Бесент.
- Во обид да ја оправда Шпанија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, потсети дека таа членка лани направила „огромен чекор“ кога ветила да ги зголеми трошоците за одбрана на 2% од својот БДП. Трамп итно го пресекол: „Шпанија не се согласува со ништо, а вие не треба да ги прифаќате“.
- Канцеларијата на шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, ја оцени изјавата на Трамп како „вообичаени“ и објави дека нема намера да ги промени „одличните односи“ со Вашингтон.
- Шпанија извезува маслиново масло, автоделови, челик и хемикалии во САД, но има трговски дефицит. Аналитичарите сметаат дека таа е помалку ранлива на заканите на Трамп отколку другите европски економии.