- САД лани дупчеле рекордни 13,6 милијарди барели сурова нафта дневно, со што се зацврстиле на позицијата најголем производител во светот, на која се уште од 2018 година.
- На второто место во светот во 2025 година била Русија, со 9,9 милиони барели нафта на ден, на третото е Саудиска Арабија со 9,6 милиони барели, а на четвртото е Канада со 5 милиони барели сурова нафта на ден.
- Американците лани го собориле сопствениот рекорд од 13,2 милиони барели на ден постигнат во 2024 година. Проценките се дека годинава ќе го зголемат производството на 13,7 милиони, а и понатаму ќе го зголемуваат, откако администрацијата на Трамп одобри нови договори за дупчење нафта покрај бреговите на Алјаска, Флорида и Калифорнија.
- Во април извозот на сурова нафта од САД достигна 5,6 милиони барели дневно, што е за 21% повеќе од досегашниот рекорд во декември 2023 година. Извозот на нафтени производи, вклучувајќи керозин и бензин, достигна највисоко ниво од декември 2024 година.
- Управата за енергетски информации соопшти зголеменото производство е резултат на подобрената оперативна ефикасност од извлекувањето нафта од шкрилци – операторите просечно добиваат повеќе нафта по бунар.
- Во карпесто засолниште во Сахара биле пронајдени две мумии стари 7.000 години чиј ДНК не ја потврдил верзијата која истражувачите ја очекувале.
- Анализата на нивниот генетски материјал открил дека тие не припаѓаат на ниедна позната лоза од која потекнуваат луѓето.
- Откривањето мумии денес само по себе е извонредно ретко а уште поизненадувачки е што нивниот генетски материјал ги преживеал условите и температурите во таа област.
- Двете женски мумии се класифицирани во категоријата „популација на духови“ која досега имала само ехо во денешните генетски материјали но никогаш не биле регистрирани директно и немало цврсти докази дека постоеле.
- Во тоа време Сахара не била пустина туку бујна и зелена савана, полна со диви животни и испреплетена со езера - едно од нив било големо колку денешна Германија.