Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Хрватска драстично ограничува рекламирање кладилници и казина

12 јули 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Со новиот закон за игrи на среќа, државата сериозно го ограничува рекламирањето на казина и кладилници на сите јавни површини, освен на ѕидовите на самите објекти.
  • Се забранува рекламирање на бонуси и други погодности.
  • Во печатените медиуми рекламирањето е целосно забрането, додека на ТВ, радио и интернет е дозволено само меѓу 23 и 6 часот наутро.
  • Измените предвидуваат и онлајн и физички да можат да учествуваат само лица над 18 години кои ќе се идентификуваат а со посебен правилник ќе се пропише постапката и начинот на идентификација.
извор

Трамп извиси, Нобеловата за Мачадо

10 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Трамп ќе мора да почека за Нобел до идната година. Нобеловата награда за мир за 2025 година ѝ е доделена на Марина Корина Мачадо, лидерка на венецуелската опозиција, за „промовирање на демократските права во нејзината земја и за борбата за мирна транзиција кон демократија“.
  • „Г-ѓа Мачадо ја добива Нобеловата награда за мир пред сè за нејзините напори за унапредување на демократијата во Венецуела. Но, демократијата е загрозена и на меѓународно ниво. Сфатена како право слободно да се изрази своето мислење, да се гласа и да се биде претставен во власт, таа е основа на домашниот и меѓународниот мир“, објави Норвешкиот комитет.
  • Мачадо основала фондација за грижа за бездомни деца во Каракас, а потоа и организација за промоција на слободни и фер избори. Во 2010 година беше избрана за пратеничка, но режимот на Николас Мадуро ѝ го одзеде мандатот. Во 2024 година ѝ беше забрането да се кандидира на претседателските избори, на кои за победник беше прогласен Мадуро, иако опозицијата тврди дека мнозинство гласови освоил нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија.
  • „Мачадо е принудена да живее скришно. И покрај сериозните закани по нејзиниот живот, таа остана во земјата, што инспирираше милиони луѓе. Клучно е да се препознаат храбрите бранители на слободата кои се креваат и се спротивставуваат“, објави Комитетот.
  • Коментирајќи го агресивната кампања на Доналд Трамп да ја добие престижната награда, претседавачот на Норвешкиот комитет, Јерген Ватне Фриднес индиректно изјави: „Комитетот добива илјадници писма секој ден, но решава во соба полна со храброст и интегритет“.
извор

Џихадисти планирале со дрон да го убијат белгискиот премиер

10 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Полицијата во Антверпен уапсила тројца млади мажи осомничени дека планирале и подготвувале атентати врз белгискиот премиер Барт де Вевер и други политичари.
  • Тројцата, на возраст од 18 до 24 години, „биле инспирирани од џихадизам“ и планирале акциите да ги извршат со домашно изработен дрон способен да носи експлозив и шрапнели, објави Обвинителството.
  • При претресот на домот на еден од осомничените, неколку стотини метри од домот на Де Вевер, биле пројандени импровизирана експлозивна направа и торба со сачми. Кај вториот имало 3Д-печатач со кој требало да бидат изработени компоненти за оружјето.
  • Во март 2016 година, 32 лица беа убиени при координиран напад на самоубиствени бомбаши врз аеродромот и метрото во Брисел. Одговорноста ја презеде групата Исламска држава.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

ЕХФ воодушевен од Филип Кузмановски

Ракомет
2

Секогаш има некоја подобра

Балканштина
3

Апсења за криминали во РЕК Битола

4

Глупо беше а пак беше боље

5

Македонски проблеми во 2025-та година

Македонштина
6

Крчовски- Осоговски - Митовски

Македонски рулет
7

Со презиме на министер лесно се собираат милиони

Занимливости
8

Весник кој се чита без брзање

Инфо
1

Апсења за криминали во РЕК Битола

2

Со презиме на министер лесно се собираат милиони

Занимливости
3

Србија има нафта до Нова година

4

Урсула преживеа, и тоа два пати

5

Црните дупки може да се космички мозоци

Наука
6

Не чека права старомодна зима

7

Санае Такаичи: Бубњарка, моторџика, премиерка

Разно
8

Турција испрати дронови на Косово

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Уште ова да се среди и градот ни е пиц-пец

Македонштина

Македонски проблеми во 2025-та година

Балканштина

Секогаш има некоја подобра

Балканштина

Халид, поголем и од своите песни

Македонштина

Апдејт на еден оглас

Балканштина

Зимзелено ребрачење

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Јована и Горан украдени од државата

Триумфална рампа

Кога (српскиот) јазик е побрз од умот

Евровизија, со други зборови

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy