- Хонг Конг ја престигна Швајцарија како најголем светски центар во кој странците го чуваат своето богатство. Хонг Конг сега чува офшор богатство од 2.950 милијарди долари, а Швајцарија 10 милијарди помалку, според Бостон Консалтинг Груп.
- Ова е последица на економскиот подем на Кина, која го користи Хонг Конг како порта до глобалните пазари.
- Швајцарија наскоро може да биде претркана и од Сингапур. Се предвидува дека и Хонг Конг и Сингапур ќе продолжат да растат како прекугранични центри за богатство со околу 9% годишно до 2030 година, во споредба со очекуваниот просек од 6% во Швајцарија.
- „И покрај побавните стапки на раст, диверзификацијата на Швајцарија може да се покаже како долгорочна предност, бидејќи привлекува клиенти од сите региони, додека азиските центри зависат од растот во Кина“, се наведува во Извештајот за глобално богатство на БКГ.
- Прекуграничното богатство лани се зголемило за 8,4% на 15,7 билиони долари на глобално ниво, поттикнато од силните пазари и побарувачката за географска диверзификација.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.