- Необичните презимиња на кандидатите го привлекоа вниманието на медиумите во битката за градоначалник на Арси сур Об – историско гратче со околу 2.875 жители во Франција.
- Градоначалникот Шарл Хитлер, кој се бори за реизбор на функцијата, е фаворит во битката со Антоан Рено-Зелински. Во првиот круг Хитлер освоил 38% од гласовите, а Зелински 30%. Вториот круг е в недела.
- Градоначалникот Хитлер, од семејство од Алзас што било жртва на нацистичкиот режим, вели дека никогаш немал намера да си го промени незгодното презиме. „За најблиските, јас сум Месје Шарл“.
- Неговиот противник има потекло од Полска и нема врски со Украина. Но, гратчето Арцис кај Одеса е наречено според Битката кај Арси сур Об во 1814 година. Го формирале германски војници, кои по поразот од наполеоновите сили емигрирале во Царска Русија.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.