- Веднаш по прифаќањето на прекинот на огнот со Израел во петокот, милитантната група Хамас убила десетици лица во судири со сопернички вооружени групи во Газа.
- Во престрелка во градот Газа загинале 32 членови на семеен клан и шестмина припадници на Хамас. Потоа јавно биле ликвидирани седум заробени мажи, кои биле претставени како „предавници“.
- Мировниот план на Доналд Трамп за Газа предвидува целосно расформирање и разоружување на Хамас. Власта во појасот треба да ја преземе Палестинската самоуправа откако ќе спроведе реформи. Во меѓувреме ситуацијата ќе ја контролира меѓународна управа, која ќе биде задолжена за обучување и опремување на идната палестинска полиција во Газа.
- Трамп на враќањето од посетата на Израел и Египет изјави дека Хамас добил привремена дозвола да дејствува како полиција во Газа. „Тие сакаат да ги запрат проблемите и ние им дозволивме на одредено време“, изјави Трамп.
- Најголем ривал на Хамас во Газа е Јасер Абу Шабаб, со база во Рафах, од каде што сè уште не се повлекле израелските сили. Нудејќи им високи плати, тој регрутирал стотици борци во својата армија. Ги отфрла критиките дека е „соработник со окупаторот“.
- Следејќи некои „дебати“ на социјалните медиуми неодамна, се’ повеќе сум уверен дека се враќаме наназад и стануваме поглупави и понефункционални како општество.
- Можеби повеќе не сме Homo sapiens – „мудриот човек“. Ниту пак сме Homo economicus, наводно рационалниот актер во класичната економија. Сè повеќе стануваме Homo idioticus – суштество дефинирано, не од мудрост или логика, туку од емоционални импулси, дезинформации и интелектуална инерција.
- Изгледа на социјалните медиуми им се потребни „идиоти“. Затоа станаа нивен расадник. Не гледам проблем во тоа да им дозволиме на „идиотите“ да кажуваат идиотски работи. Друго и не може да очекувате од „идиотот“. Проблемот е што платформите преживуваат со пронаоѓање на највирулентните идиотизми и нивно глобално ширење. Едноставно кажано, благодарение на социјалните медиуми, „идиотите“ сега имаат платформа да ја објават својата глупост пред целиот свет.
- СДСМ остро го осуди настапот на српскиот претседател Александар Вучиќ (види овде - н.з), оценувајќи дека неговите изјави претставуваат навредливо и недолично однесување кон заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.
- Партијата вели дека Вучиќ е познат по тоа што ги навредува сите оние кои не ги делат неговите ставови или му пречат.
- Вучиќ малициозно нагласил дека ‘оваа жена и луѓето кои доведоа до сецесија’“, па СДМС оценува дека нагласувањето на нејзиниот пол во политички контекст е понижувачко и ирелевантно за аргументите што ги изнесува.
- Ваквиот речник не бил само личен напад, туку дел од поширок проблем на деградирање на жените во политиката.