Масовни протести и нереди во Грузија по одлуката на новите власти да ги паузираат преговорите за членство во ЕУ до 2028-ма поради постојаните уцени од блокот.
Во судирите со полицијата уапсени се над 100 лица.
Грузиската претседателка на истек од мандатот кажа дека нема намера да си оди бидејќи новиот парламент бил нелегитимен.
Нелегитимен парламент не може да избере легитимен претседател, рече Саломе Зоурабичвили, чиј мандат завршува во декември. Таа не ги признава резултатите од изборите по кои сегашните власти (Грузиски сон) освоија 54% од гласовите, па бара нови избори.
Заради одлуката за ЕУ, САД го суспендираа стратешкото партнерство со Грузија.
Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.