Со голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва, Русија денеска ја одбележува 80-годишнината од советската победа над Нацистичка Германија во Втората светска војна.
Парадата годинава е во фокусот поради политичките и безбедносните контексти. Русија прогласи еднострано тридневно примирје, кое Украина официјално не го прифати, но вчера и денеска се воздржува од напади врз Москва.
Во главната ложа, покрај претседателот Владимир Путин, се лидерите на повеќе од 20 земји, на чело со кинескиот претседател Си Џинпинг и бразилскиот Луиз Инасио Лула да Силва.
Од европските лидери, во ложата се српскиот претседател Александар Вучиќ, словачкиот премиер Роберт Фицо и претседателот на Република Српска.
Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.