- Минатиот месец беа најавени откази за 26 новинари и водители на хрватската телeвизија N1. Таа е во сопственост на компаниите United Media и Adria News од Луксембург.
- Во последните 10 години, за да функционира Н1 биле дадени 20 милиони евра за да се покриваат разликите меѓу приходите и оперативните трошоци.
- Тие пари се трајно изгубени за инвеститорите кои сега решиле дека веќе нема да ги надополнуваат средствата кои недостасуваат.
- Александар Вучиќ лајкс дис.
- САД, Данска и Гренланд постигнаа договор за трајно и ексклузивно американско воено присуство на огромниот дански остров богат со руди.
- Детали од договорот не се познати, но во основа САД ќе имаат еднострано право да градат воени објекти без да бараат одобрение од Гренланд или Данска. Договорот нема временско ограничување и ќе важи дури и ако автономниот регион во иднина стекне независност.
- Вашингтон ќе има право да блокира проекти и инвестиции на островот за кои ќе оцени дека ги загрозуваат интересите на САД“.
- САД веќе имаат речиси целосни права за прелет и за користење бази на Гренланд, врз основа на договор од 1951 година. Сепак, Трамп во својот втор мандат упорно се закануваше дека ќе го анектира островот или бараше да го купи од Данска заради зајакнување на стратешката безбедност на САД.
- Данската премиерка Мете Фредериксен оцени дека договорот „ја зајакнува заедничката безбедност на Арктикот“ и дека ќе биде потпишан на Генералното собрание на ОН идната недела.
- Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека договорот ги уважува интересите на автономната територија.
- Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека Ерусалим се залага за воспоставување врски со Австриската партија на слободата (FPÖ), која е основана од поранешни нацисти, но во изминативе години сè повеќе зазема цврст произраелски став.
- Сар го поздрави говорот на лидерот на FPÖ, Херберт Кикл, кој ја поддржа десничарската агенда на израелската влада. Партијата го осуди терористичкиот напад на Хамас од 2023 година, ја усвои дефиницијата со која критикувањето на Израел се изедначува со антисемитизам и ја призна „историската поврзаност на еврејскиот народ со Јудеја и Самарија“ (библиското име за Западниот Брег).
- Еврејската заедница во Австрија ја отфрла FPÖ поради политичките корени на партијата. Нејзиниот прв лидер, Антон Рајнталер, беше поранешен нацистички функционер и офицер во единиците СС.
- Во 2000 година, кога партијата првпат влезе во австриската влада, Израел во знак на протест го повлече својот амбасадор и го намали нивото на дипломатските односи.