Европски аеродроми и авиокомпании бараат суспензија на системот за влез/излез
2 јули 2026
- Патничките авиони полетуваат полупразни бидејќи патниците се заглавени во редици предизвикани од проблеми со новиот систем за влез/излез (EES) на ЕУ, ја предупредија Европската комисија управите на главните европски аеродроми и авиокомпаниите.
- Тие бараат привремено суспендирање на новиот Систем за влез/излез (EES) за време на најголемиот летен шпиц на патувања.
- „Достигнавме критична точка“, соопштија во писмо до Урсула фон дер Лајен здруженија кои претставуваат стотици авиокомпании и аеродроми низ целиот континент.
-
Предупредија дека времето на чекање на надворешните шенгенски граници достигнало до пет часа а се очекува ситуацијата дополнително да се влоши во јули и август.
-
Австралиското МНР ги советуваше граѓаните да земат доволно храна и вода ако одат накај Европа.