Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Европа прави „Coalition of the willing “ и за Украина спрема 5.000 ракети

2 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На самитот во Лондон, европските лидери се согласиле на план во четири чекори за Украина:
    - да се продолжи со праќање оружје и да се зголеми економскиот притисок врз Русија;
    - секој траен мир мора да гарантира суверенитет и безбедност на Украина а Киев мора да учествува во сите мировни преговори;
    - во случај на мировен договор, европските лидери ќе работат на одвраќање на Русија од идни инвазии на Украина;
    - Ќе се создаде „Коалиција на подготвените“ која ќе биде подготвена да ја брани Украина и да гарантира мир.
  • И 5.000 против-воздушни ракети во новиот пакет од 1,6 милијарди фунти.
извор

Трамп ги брани иранските демонстранти

2 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • САД се спремни да ги бранат иранските демонстранти ако властите во Техеран употребат оружје за да ги задушат протестите, предупреди претседателот Доналд Трамп. „Опремени сме, натоварени и подготвени да тргнеме“, порача Трамп. Тој не објасни како би реагирале САД, но американските сили лани во јуни се придружија на израелските ракетни напади врз иранските нуклеарни постројки.

  • Масовните протести поттикнати од економската криза и инфлацијата во Иран за четири дена се проширија низ целата земја. Според извештаи на локалната новинска агенција Фарс, полицијата и специјалните сили употребиле сила и огнено оружје за да ги смират демонстрациите и убиле најмалку шест лица. Загинал и еден припадник на Револуционерната гарда.
  • Иранското раководство се соочува со најголем притисок по 2022 година, кога земјата беше парализирана од протестите поврзани со Махса Амини, младата жена што почина во притвор откако беше уапсена поради тоа што не носела шамија. Полицијата тогаш брзо и сурово тргна против демонстрантите, главно студенти што бараа либерализација.
  • Овој пат протестите избувнаа од пазарџиите, кои се важен елемент од економијата, па претседателот Масуд Пезешкијан во помирувачки тон побара преговори со лидерите на демонстрациите. Инфлацијата надмина 40%, а храната поскапе за 72% за една година. Ријалот во декември изгуби 20% од вредноста и на црниот пазар падна на историски минимум од 1,3 милиони за 1 долар.
извор

Рамзан Кадиров го накити со медали својот 18-годишен син

2 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров забрзано го спрема својот 18-годишен син Адам за наследник. Му додели нов медал поради „значаен придонес за обезбедувањето на безбедноста, стабилноста и просперитетот на татковината“.
  • Премиер Магомед Даудов на свечената церемонија го нарече Адам „енергичен и ефикасен лидер способен да решава сложени проблеми со принципиелност и лојалност кон каузата.“

  • Градите на младиот Кадиров ги красат едно чудо медали, доделени од неговиот татко, но и од Москва, а ја има и титулата „Херој на Чеченската Република“. Во Руската книга на рекорди е запишан како најмлад шеф на регионална безбедносна служба.
  • Стариот Кадиров пред една недела итно бил префрлен во болница во Москва поради сериозно влошена здравствена состојба. Локални медиуми тврдат дека лекарите едвај успеале да го реанимираат. По неколку дена тој се појави во јавноста со новогодишна порака до Чеченците.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
2

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина
3

Како и да сте си поминале за Нова година, ваква вечера сигурно не сте имале

Bookbox
4

2025 година, година на црвеното апче

Мислења
5

Сокол на двете страни на Шутка

6

Кочански ужас во Кран-Монтана

7

Не се секирајте, Германија е безбед....

Разно
8

Барот пламнал од пиротехника, младите не можеле да избегаат

Свет
1

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
2

Сокол на двете страни на Шутка

3

2025 година, година на црвеното апче

Мислења
4

Кочански ужас во Кран-Монтана

5

Барот пламнал од пиротехника, младите не можеле да избегаат

Свет
6

Имајте среќни празници. Раат и мир.

Разно
7

Почина застреланото двегодишно дете

8

Геј, колку конзервативно тоа звучи

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Бон-тон брзо се учи

Балканштина

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина

Ако не можеш да ги победиш...

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Апелот и програмата на Светланка

Парадоксот на нашето време

Маица за 2-ри мај

За нешто да се промени, „интелектуалната елита“ мора да одјебе

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy