- По падот на Башар ал Асад, неколку европски земји, меѓу кои Германија, Австрија, Грција, Шведска.... (а најавува и Франција), ги сопреа процедурите за поднесените барања за азил поднесени од бегалци од Сирија.
- Во Германија, на пример, во моментов се процесираат 47.000 такви апликации од луѓе од Сирија. Таму живеат околу милон луѓе со сириско потекло, многумина од нив дојдени поради војната во 2015 и 2016-та кога Ангел Меркел им посака добредојде.
- Австрискиот канцелар побара да се стопираат процедурите за давање азил но и повторно да се проценат досега дадените статуси.
- Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење.
- „Последните добиени резултати покажуваат дека водата е микrобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
- На граѓаните им се препорачува пред да ја користат за пиење, водата од чешмите добро да ја истечат.
- „Изгледаат како варени. А не се работи за само една или две ниви,“ вели земјоделец од јужнокорејскиот округ Јанг за своите насади со компири кои за само неколку дена екстремни температури станале меки и почнале да се распаѓаат.
- Во градот Јангсан, на втори август била измерена највисока температура во земјата откако започнале современите мерења. Топлотниот бран е поврзан со најмалку 31 смртен случај, угинале над 900.000 грла добиток и 1,4 милиони одгледувани риби.
- Во Јапонија за првпат бил прогласен „брутално топол ден“ а топлотниот удар бил смртоносен за три лава во Зоолошката во Токио.
- Хонг Конг летово измерил највисоки температури од кога тие почнале да се мерат во 1884. година.
- Екстремните топлини ги погодија и Кина каде во градот Ксинјанг се измерени 50 степени и Северна Кореја која има ноќи во кои температурата не паѓа под 25 степени.